Апел до Скопјани да не го фрлаат градежниот отпад во контејнерите
Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ Скопје, денеска преку соопштение апелира до граѓаните да не го одлагаат градежниот отпад во контејнерите.
– Во текот на изминатите неколку дена, во скопската оштина Чаир, eко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје регистрираше огромно количество неправилно одложен градежен отпад во контејнерите поставени на улицата „Благоја Паровиќ“. Екипите на претпријатието беа принудени рачно да го извадат градежниот отпад од садовите, за да може да го префрлат и транспортираат со соодветни возила, се наведува во соопштението на „Комунална хигиена“.
ЈП „Комунална хигиена“ ги информира граѓаните дека, според Законот за јавна чистота, отпадот што се создава при извршувањето градежни активности или реновирање на живеалиштата, не смее да се одложи во садовите за отпад поставени на јавни површини.
– Градежниот отпад може трајно да ги оштети овие садови, како и специјалните комунални возила, а со тоа да предизвика и сериозни проблеми при собирањето и транспортот на комуналниот отпад во градот, стои во соопштението на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје.
Ново на Сител
-
Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп
-
Во Грузија и вечерва продолжија антивладините протести
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје