Македонија
27. November 2025 - 12:27

Апасиев ја закажа комисијата за трагедијата во Кочани, очекува присуство на Гаши, Мицкоски и Сиљановска

Лидерот на Левица Апасиев ја закажа постојаната анкетна комисија за човекови права за 9 декемри на која треба да се расправа за трагедијата во Кочани и иницијативата на родителите за заштита на правото на живот.

Апасиев очекува на комисијата да присуствуваат и собранискиот спикер Гаши, Претседателката на државата и премиерот Мицкоски.