-->
-->
Апасиев до Филипче: Нас ли овие финти, бе министре?
-->
Пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев вечерва преку Фејсбук му порача на министерот за здравство, Венко Филипче, дека оставка не се нуди, туку се дава.
-Нас ли овие финти, бе министре? Оставка се ДАВА како еднострана изјава на неотповиклива волја! Оставка не се НУДИ на некој (во случајов премиерот т.е. Владата), па да оставаш шанса да не ти ја усвојат – како што, ваљда, сте се договориле за да и замачкате очи на разгневената јавност. Оти, оставката од морални причини не зависи од ничија друга волја, освен од онаа на подносителот! Ама за тоа, треба да имаш етичка внатрешна вертикала и ДОБЛЕСТ која ти, за жал, не ја поседуваш, напиша Апасиев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Новиот државен секретар Рубио потврди дека САД ќе работат на ставање крај на војната во Украина
-
Раст на фјучерсите на американските берзи по новите укази на Трамп
-
Ѓоковиќ ќе го предадеше мечот со Алкараз доколку го загубеше вториот сет
-
Мицкоски во Вашингтон присуствувал на на свеченоста „Гласови на слободата“ и остварил бројни средби
-
Украина работи на одржување средба меѓу Зеленски и Трамп
-
Лазаров за ремито со Австрија: Горд сум на моите ракометари
-
Капитенот Кузмановски донесе реми во последните секунди на натпреварот Македонија-Австрија
-
Собранието го донесе Законот за заштита на децата, прифатени само два амандмани