Апасиев до Џафери: Вие воведовте скафандер-демократија
Вие сте првиот претседател, без оглед дали сте Албанец или Македонец, кој има најмногу кривични пријави за пречекорување на службена положба и овластување, изјави вчера лидерот и пратеник на Левица, Димитар Апасиев од собраниската говорница во однос на интерпелацијата на претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Според Апасиев, Собранието стана печатница на лоши владини закони.
-Опозициските општи акти се чуваат во фиока, како нашата Декларација, која две години не може да дојде на дебата. Интерпелациите на министрите се чуваат во фиока и не се процесуирани. Вие воведовте скафандер-демократија, односно вие не постапивте според здравствените прописи за време на епидемија. Го шверцувавте Законот за државјанство со европско знаменце и оттогаш почна процесот на злоупотреба на службената положба, изјавил меѓу другото Апасиев.
Ново на Сител
-
Голем пожар во Дрисла
-
Голем пожар во Дрисла
-
Тема на денот со Радмила Шеќеринска, заменик генерална секретарка на НАТО
-
Преглед на вестите од светот
-
Пратеници утре на надзор во АНБ
-
ЈО со обвинение против Хајрулахи и Цветановски
-
СДСМ обвинува за спорен тендер
-
До 29 септември сите службени возила треба бидат со црвени регистарски таблички