Фудбал
17. September 2024 - 10:22

АП Брера Струмица дебитира во младинската Лига на шампиони

Македонскиот младински фудбалски првак Академија Пандев Брера Струмица денеска го почнува својот дебитантски настап во Лигата на шампиони, пречекувајќи го на домашен терен тимот на Сараево.

Натпреварот е закажан со почеток во 15 часот на стадионот „Младост“ во Струмица, додека реваншот е на програмата на 2 октомври на сараевскиот стадион „Асим Ферхатовиќ Хасе“.

Ова е седма сезона во младинската Лига на шампиони во организација на УЕФА во која АП Брера Струмица ќе се обиде да стане првата македонска екипа која ќе успее да обезбеди пласман во второто квалификациско коло во кое за противник ќе го има израелскиот првак Макаби Петах Тиква.