Антонон: Срдечен и конструктивен состанок со Трамп

Новиот амбасадор на Русија во САД, Анатолиј Антонов изјави дека имал срдечен и конструктивен состанок со американскиот претседател Доналд Трамп.
- Ме прими претседателот Трамп и му ги предадов акредитивите. Атмосферата беше мошне срдечна, конструктивна и пријатна, рече Антонов, јави ТАСС.
- Се договоривме дека ќе ја продолжиме нашата соработка. Реков дека се надевам дека ќе работам со американската Влада на подрачјето на руско-американските взаемни интереси. Што се однесува до Русија ние сме подготвени тоа да го направиме, да преземеме конкретни чекори, додаде Антонов.
Тој го замени Сергеј Кисљак, кој е предмет на истрагата за наводните врски меѓу советникот на Трамп и Русија за време на предизборната кампања во САД во 2016 година.
Русија ја негира вмешаноста во изборите.
Антонов е роден во 1955 година, дипломирал на мосовскиот Државен институт за меѓународни односи во 1978 година. Од 2004 до 2011 година беше на чело на Одделот за безбедност и разоружување на руското Министерство за надворешни работи, додека од 2011 до 2016 година беше на должноста заменик-министер за одбрана. ац/08:46
###
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Никој нејќе да биде дел од раководството на СДСМ, Филипче да поднесе оставка
-

СДСМ ја лансираше платформата М.И.Ц.К.О, ги повика граѓаните да пријавуваат криминал и корупција
-

Откупена половина од годинешната реколта на тутунот
-

Засилени инспекциски контроли и мерки за намалување на аерозагадувањето во Струмица
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Новиот обвинител мора да биде професионалец и да се бори за правда
-

Скопје во новогодишно светло
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ
