Македонија
26. јуни 2020 - 20:37

Антонио Милoшоски оди во самоизолација - мајка му е позитивна на КОВИД-19

Еден од поважните луѓе во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, ќе оди во самоизолација бидејќи неговата мајка се заразила со корона вирус.

Веста ја објави самиот на Фејсбук.

„Веднаш по известувањето бев исконтактиран од надлежниот епидемиолог од Битола, кој според здравствениот протокол ми пропиша мерка самоизолација до 6 јули, заради кратката средба со мајка ми пред пет дена во Кичево.

Мерката доследно ќе ја почитувам, како што ги почитував и правилата за носење на маска и честа хигиена во изминативе четири месеци. До 6 јули ќе имам две задолжителни тестирања од надлежните медицински лица. Инаку се чувствувам добро и засега немам никакви симптоми. Она што ние како луѓе треба да го правиме е да ги применуваме заштитните мерки, да бидеме внимателни во однос на пандемијата, и да ги почитуваме советите на лекарите. Останатото е на науката и на Бога“, напиша напиша Милошоски на својот профил на Фејсбук.