Македонија
29. April 2020 - 13:56

Антикорупциска: Нема судир на интереси во Уставен иако одлучувал за сопствените плати

Државната комисија за спречување корупција преку соопштение информира за вчерашната одлука на Уставниот суд за стопирање на владината уредба за намалување на платите на избраните и именувани функционери.

„Уставниот суд е единствен орган на Републиката кој ја штити уставноста и законитоста и одлучува за согласноста на законите со Уставот и согласноста на другите прописи и колективни договори со Уставот, сметаме дека во овој случај не е надвладеан личниот интерес во вршењето на службената должност“, се вели во известувањето од Антикорпциска.

Во ДКСК сметаат дека не постои судир на интереси кај уставните судии во конкретното постапување.

 

Зоран Јаневски