Антикорупциска ги одби приговорите за разрешување поранешни вршители на должност
Државната комисија за спречување на корупцијата на денешната седница го одби приговорот за разрешување на поранешниот вршител на должност директор на „Јасен“ Оливер Андонов како неоснован. Исто така, Комисијата донесе ваква одлука и за приговорот на Лидија Богдановска, поранешен в.д. директор на Службата за просторен информативен систем, орган при Министерството за животна средина во Битола.
Приговорите на двајцата поранешни вршители на должност беа одбиени поради тоа што одлуките за нивно разрешување биле донесени пред денот на распишувањето на локалните избори.
Оливер Андонов по седницата изјави дека одлуката за негово разрешување стапила на сила и му била врачена на 11 август. Претседателот на Антикорупциска, Игор Тантуровски, пак, во образложението на овој предмет кажа дека одлуката за разрешување на Андонов била донесена од страна на Управниот одбор на „Јасен“ на 5 август.
Тантуровски ги информираше новинарите дека се уште не се пристигнати одговори и документи во врска со веќе отворените случаи за разрешувања, дисциплински постапки и откази по распишувањето на локалните избори 2017 што е во спротивност со Изборниот законик.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Собранието расправа за измените во Изборниот законик за учество на независните на изборите
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје