-->
-->
Антиќ повторно го облече „црвено-белиот дрес“
-->
Македонскиот кошаркарски репрезентативец и трикратен освојувач на Евролигата Перо Антиќ потпиша едногодишен договор со првакот на АБА лигата Црвена Звезда. Оваа вест вечерва ја потврди и официјално клубот откако информираше на својата интернет страница. Претходно српските медиуми го најавија овој трансфер.
За Антиќ ова ќе биде враќање во тимот на Црвена Звезда откако претходно во својата кариера две сезони (2006 и 2007) го носеше „црвено-белиот дрес“. Антиќ во својата кариера има освоено три титули во Евролигата (две со Олимпијакос и една со Фенербахче), а во две сезони го носеше и дресот на НБА лигашот Аталанта. 210-сантиметри високиот Антиќ може да игра на две позиции: крилен-центар и центар.
Антиќ беше дел од македонската репрезентација која на Европското првенство во Литванија 2011 година го постигна најголемиот успех освојувајќи го четвртото место.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Уставни измени
-
Преглед на вестите од светот
-
Редовна седница за пратенички прашања
-
Шилегов со ,,Во бестрага'', ВМРО-ДПМНЕ со критики: СДСМ доби ново раководство
-
Сиљановска во официјална посета на Црна Гора