Ансамблот „Гоце Делчев“ од Битола добитник на плакета на фестивалот „Пображење“
Ансамблот за фолклор „Гоце Делчев“ од Битола ја доби наградата за најуспешна презентација на изворен фолклор - плакетата „Чувари на изворната традиција“ на петтиот Фестивал на народна култура „Пображење“ што од 17 до 19 август се одржуваше во Вевчани.
Одлуката ја донесе жири комисија во состав: Мирјана Мирчевска - етнолог, Велика Стојкова-Серафимовска - етномузиколог, Даворин Трпевски - етнолог, Ивона Опетческа-Татарчевска - етнокореолог, Јовица Блажески - професионален играч и пеач и Наташа Кукоска - етнолог.
Организаторите, културно уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани се задоволни од петтото фестивалско издание и мотивирани за поголеми успеси за идната година.
- Над 400 уметници во изминатите три дена презентираа изворен фолклор, еминентни стручњаци од оваа област истражуваа, сликари на наивна уметност сликаа, Вевчани беше центар за народна културата и традицијата. И не само изминативе денови, Вевчани било и ќе биде достоен чувар на оригиналното, автентичното, традиционалното. Токму од тука и овој фестивал ја имаа таа мисија да помогне во зачувување на културното наследство на Македонија и да овозможи мегдан за негово јавно презентирање во местото кое низ историјата само со култура и почитување на традиционалните вредности издвојувало многу битки и победи, изјави Тошо Чочороски, директор на Фестивалот за народна култура „Пображење“.
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска