-->
-->
Анкети: Се побројни резултати дека Грците ќе кажат „да“ на референдумот
-->
Најново истражување на јавното мислење во Грција покажа дека 44 отсто од граѓаните би ги прифатиле условите на меѓународните кредиторти, додека 43 се против, јави дописникот на МИА од Атина.
Според анкета на агенијата Ипсос, околу 12 проценти од граѓаните се неопределени за прашањето за кое треба да се изјаснат на утрешниот референдум.
Социолошкиот институт предупреди дека резултатите од анкетата се премногу блиску, за да може да се прогнозира исходот од референдумот.
Три проучувања на јавното мислење објавени вчера покажаа дека оние кои ќе гласаат „да“ се во мала предност, додека четвртата покажа дека тие што ќе кажат „не“ се побројни за 0,5 проценти. Сепак сите предупредија дека се во маргина на грешка, без да кажат од колку проценти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Завршни зборови на обвинетите
-
Бјере: Сега е моментумот за проширување
-
Зголемен бројот на пациенти со мозочен удар
-
Осцилациите на езерото штетни
-
Преглед на вестите од светот
-
Вечерва пристигнуваат првите 8 евакуирани македонски државјани од Израел
-
Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-
Сиљановска Давкова: Идентитетските прашања се надвор од било која преговарачка рамка