Анкета: Српската прогресивна партија со највисок рејтинг
Доколку во овој момент во Србија се одржат избори Српката прогресивна партија би освоила 48 отсто од гласовите, социјалистите десет, а од опозицијата изборниот праг ќе го минат само Демократската партија со шест проценти и Либерално-демократската партија на Чедомир Јовановиќ со пет отсто.
Ова се резултатите од анкетата на Ипсос Стратеџик маркетинг, изработена по нарачка на американската организација Меѓународен републикански институт, пишува белградскиот весник „Данас“.
Сите останати учесници на изборите, според истражувањето, ќе останат надвор од Парламентот. Од нив најмногу гласови би добиле Српската радикална партија на Воислав Шешељ и Социјалдемократската партија на Борис Тадиќ, по четири отсто.
Истражувањето покажува дека во моментов 54 отсто од граѓаните ја поддржуваат работата на актуелната Влада, додека 40 проценти не ја поддржуваат.
Четириесет и еден отсто од анкетираните сметаат дека премеирот Александар Вучиќ е политичар со потенцијал да промени нешто во Србија. На второ место е посочен лидерот на социјалистите Ивица Дачиќ со четири отсто.
Ново на Сител
-
УКРО: Сите пациенти добиваат терапија, достапни се лековите за третман на онколошки заболувања
-
Јанев: Полицијата е првата линија на одбрана на сообраќајната култура
-
За 5.1 проценти зголемен прометот во Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво
-
Земјотрес со јачина од 4,6 степени го погоди Неапол и околината
-
Лани евидентирани 757 дивоградби, речиси сите се во приватна сопственост
-
Конзулатот е во комуникација со семејството на починатото девојче во Италија, велат од МНР
-
Во Милан очекуваат ветеранот Лука Модриќ да има лидерска улога во тимот
-
Николоски: Планина поместивме да го изгрaдиме експресниот пат од Фариш до Дреново