Анкета: Шулц и Меркел имаат еднаква поддршка за функцијата канцелар на Германија
Социјалдемократот Мартин Шулц би добил еднаква поддршка со германската канцеларка Ангела Меркел, доколку избирачите можеа да гласаат директно за претседател на влада, покажуваат анкетите.
Според истражувањето на „Инфратест димап“ за телевизија „А Ер Де“ што беше спроведено вчера, Шулц и Меркел уживаат еднаква поддршка од избирачите - по 41 процент.
Податоците, објавени осум месеци пред парламентарните избори во Германија, покажуваат дека поддршката за Меркел е намалена за два поени од септември, а таа за Шулц е зголемена за пет поени.
Оваа недела социјалдемократите го претставија поранешниот претседател на Европскиот парламент како свој кандидат за канцелар, откако нивниот лидер Зигмар Габриел одби да се бори за функцијата против Меркел во септември.
Шулц официјално ќе биде назначен за лидер на социјалдемократите в недела.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?