Анкета: Повеќе од половина Британки жртви на сексуално злоставување на работно место
Повеќе од половина Британки биле подложни на сексуално малтретирање на работното место или во образовните институции, покажуваат резултатите од истражувањето на „Ком Рес“, спроведено од радиото Би-Би-Си.
Вкупно 37 отсто од Британците имале искуство со сексуално малтретирање на своето работно место или во образовните институции, соочувајќи се со непристојни коментари па се до сексуално злоставување. Од нив 53 отсто се жени. Десет проценти од жените биле подложни на сексуално злоставување, а исто толку ја напуштале работата или местото на образование поради постојаните малтретирања.
Истражувањето е спроведено врз повеќе од 2.000 полнолетни британски државјани.
Неколку групи од Европскиот парламент, пак, вчера побараа независна надворешна истрага по обвиненијата од десетици жени, кои го опишаа Европарламентот како „легло на сексуално злоставување“. Пратениците побараа и формирање посебен одбор кој треба да им помогне на жртвите на сексуално злоставување, а напаѓачите да се изведат пред суд.
Започнати се и дебати, главно со учество на жени, во рамки на кампањата под хаштагот #metoo, кои јавно зборуваат за сексуалните малтретирања извршени врз нив по скандалот со холивудскиот продуцент Харви Вајнстин.
Барањето за истрага доаѓа по истражувачката сторија на „Сандеј тајмс“, објавена изминатиот викенд, каде беше наведено дека асистентки во Европарламентот биле жртви на непримерни допири и сексуални вербални вознемирување, додека една жена изјави дека била принудена да гледа додека еден европратеник маструбирал.
Се очекува резолуцијата за започнување на надворешната истрага да биде изгласана утре.
Ново на Сител
-
Две лица приведени при обид да ограбат маркет во Чаир, по едно лице се трага
-
Вучиќ тврди дека се подготвуваат за 19 септември демонстрации против Канцеларијата за Косово и Метохија
-
Кај Дебар спречен шверц на добиток од македонска на албанска територија
-
Средба на министерот Муцунски со генерална директорка на Светската трговска организација
-
Приведен жител на неготинско Криволак, пријавен дека нападнал малолетник
-
Меси: Што и да биде и што носи иднината – само Бог знае
-
Академски пленум: Вучиќ итно да поднесе оставка
-
Зеленски ја отфрли идејата на Путин за средба во Москва: Тој „може да дојде во Киев“