-->
-->
Анкета: Осумдесет проценти од Украинците се подготвени со оружје да ја бранат татковината
-->
Најновата анкета на украинската агенција Рејтинг покажува дека 80 проценти од Украинците се подготвени со оружје да ја бранат Украина. Тоа е голем пораст во споредба со 2020 година кога 59 отсто од испитаниците одговориле дека се подготвени со оружје да ја бранат татковината.
Највисоко ниво на подготвеност е забележано во западниот и централниот дел на Украина, додека помал е процентот во југоисточните региони.
Резултатите покажуваат дека 90 отсто од мажите и 70 проценти од жените се подготвени да се борат со оружје за Украина.
Анкетата е спроведена на 1 март при што се испитани 1.200 полнолетните жителите на Украина, но не се испитани лицата во окупираните територии на Крим и регионите Доњецк и Луганск.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Русија ги намали очекувањата за скорешна средба Путин - Зеленски
-
Прв уписен рок на УГД – Штип за академската 2025/2026
-
Вечерва се спушта завесата на Охридско елто
-
Преглед на вестите од светот
-
Се уште активен пожарот на Јасен
-
Владата објави дека наследиле рекорден број арбитражни постапки
-
Преглед на вестите од светот
-
ДЗР: Само 13% од државните институции ги користат услугите на Централниот регистар на население