Анкета: Над 60 отсто Турци не веруваат дека Турција ќе стане членка на ЕУ
Процентот на турски граѓани, кои не веруваат дека нивната земја ќе стане членка на Европска унија, од минатата година до сега се зголемил од 48 на 64 отсто, покажуваат резултатите од анкетата на Турско-европската фондација за образование и научни истражувања.
На прашањето која земја создава најголеми пречки за членство на Турција во ЕУ, 54 отсто од испитаниците ја посочиле Германија, а 23 проценти - Франција. Речиси идентичен процент и во 2014 и во 2015 година го посочиле Берлин како бариера на членството на Турција во Унијата.
На прашањето која е најсериозна алтернатива за Турција надвор од ЕУ, 23 проценти ја посочиле Шангајската организација за соработка, 22 отсто се изјасниле за независна политика, а 18 проценти за БРИКС - организација што ја сочинуваат Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.
Ново на Сител
-
Приведени тројца градоначалници на Кочани
-
Зајакнати тимови од психолози и психијатри во Кочани, МОН препорачува да се работи со децата
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Уапсен градоначалникот на Кочани
-
Последен поздрав за жртвите
-
Во стабилна состојба повредените од пожарот во Кочани
-
Последен поздрав за жртвите
-
Објавени имињата на жртвите - слава им!