Aнкета на Институтот за истражување на политики и добро владеење: ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ
ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ со 19,5 отсто поддршка наспроти 12,6 отсто што ја има владејачката партија, покажуваат резултатите од анкета на Институтот за истражување на политики и добро владеење од Скопје.
Најголем дел од испитаниците – 29,4 отсто, одговориле дека не би гласале за ниту една партија доколку следната недела има парламентарни избори.
Од партиите на Албанците, според одговорите на испитаниците, најмногу гласови би добила ДУИ и тоа 5,3 отсто, а за Алијанса за Албанците би гласале 4,5 отсто.
За БЕСА би гласале 2,4 отсто, а за Демократското движење на Изет Меџити гласот би го дале 1,8 отсто од испитаниците.
Во анкетата, 3,2 отсто од испитаниците рекле дека доколку следната недела има парламентарни избори би гласале за Левица.
Од другите одговори на испитаниците, на истото прашање, 4,5 отсто рекле дека би гласале за друга партија, а исто толкав процент рекле и дека не знаат или немаат одговор.
Дури 11,4 отсто од испитаниците рекле дека не сакаат да кажат за кого би гласале доколку следната недела има парламентарни избори.
Второто прашање што им било поставено на испитаниците е во кој политичар имаат најголема доверба. Води лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со 16,9 отсто, наспроти 9,1 проценти што ги има претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
И на ова прашање најголем дел од испитаниците – 40,5 отсто, рекле дека не веруваат во ниту еден политичар.
Во листата со одговори, по Мицкоски и Ковачевски, е претседателот на државата Стево Пендаровски кому му веруваат 6,1 отсто од испитаниците.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, има доверба од 5,1 отсто, а по него е првиот човек на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.
Изет Меџити има доверба од 2,1 отсто, а лидерот на БЕСА – Билал Касами – 1,9 отсто.
Во одговорите што ги дале испитаниците се наоѓа и името и поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, кому му веруваат 1,5 отсто.
Одговорот дека не знаат во кој политичар имаат доверба го дале 3,3 отсто од испитаниците, а 4,5 отсто рекле дека веруваат во некој друг.
Анкетата, според известувањето од Институтот, е спроведена телефонски, во периодот помеѓу 5 и 9 ноември 2023 година, на репрезентативен примерок на ниво на Република Северна Македонија.
Истражувањето, како што велат од Институтот за истражување на политики и добро владеење – Скопје, било реализирано на репрезентативен примерок од 1 050 испитаници со што се запазени репрезентативните карактеристики на населението. При реализација на анкетата се внимавало на демографските специфики на населението, како етничката припадност, полот, местото на живеење и изборните единици.
„Истражувањето е спроведено за потребите на ИПДВ со цел да се анализираат рејтинзите на партиите и политичарите. Анкетата е финансирана со средства на Институтот“, велат од Институтот за истражување на политики и добро владеење – Скопје.
Ново на Сител
-
Ристески: Нефер трговските практики ќе се казнуваат со 20 000 евра
-
Прегазен пешак во Скопје, сторителот избегал
-
Пиротехника пронајдена кај двајца малолетни Шпанци на скопскиот аеродром
-
Трамп ја нарече судската одлука за изрекување пресуда против него „незаконски политички напад“
-
Политичката криза во Јужна Кореја се продлабочува по обидот за апсење на сменетиот претседател Јун Сук-јеол
-
Руски авион принудно слета во Египет поради дефект на моторот
-
Сообраќајот во зимски услови, укинати забраните за тешки товарни возила
-
Од овој месец печатените електронски документи ќе се признаваат како оргинални