Анкета: Мнозинството млади Европејци не веруваат во политиката
Најголем дел од младите Европејци (82 отсто) немаат доверба во политиката, но многумина од нив се интересираат за политички работи, се вели во анкета на неколку германски медиуми.
Меѓу 213 илјади анкетирани на возраст под 35 години, само еден отсто одговориле дека веруваат безрезервно во политиката.
Повеќе од половината изјавиле дека би се вклучиле во бунт против владејачката структура.
Анкетата во 11 европски држави укажува дека младите со пониско образование се однесуваат со поголема недоверба кон политиката од високообразованите.
Според германски аналитички институт (Синус) кој ги анализираше резултатите, таа недоверба се поврзува со чувството на оттуѓеност.
- Младите кои не веруваат во политиката гледаат пофаталистички на нештата, наведува институтот.
Младите сепак се интересираат за политика и проучуваат алтернативи на партиска политика. Само 31 отсто од анкетираните укажуваат дека би учествувале во традиционална политичка организација, додека 51 отсто одговараат дека би членувале во невладини или хуманитарни организации.
Анкетата е по барање на германските медиуми Бе-Ер, Ес-Ве-Ер и Це-Де-Еф.
Во анкетата учествувале млади од Австрија, Белгија, Чешка., Франција, Германија, Грција, Италија, Луксембург, Холандија, Шпанија и Швајцарија.
Ново на Сител
-
Најмалку 11 загинати, 22 повредени во автобуска несреќа во Мексико
-
Трамп ќе присуствува на Самитот на НАТО во Хаг
-
Македонските одбојкари финишираат со подготовките за Европската златна лига
-
Обновен сообраќајот на Кримскиот мост
-
Вучиќ најавува наскоро закон за Избирачкито список, избори кога тој ќе одлучи
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС призна дека економијата расте – само што не можат да поднесат што расте без нив
-
СДСМ: Kога инфлацијата е 3%, исто колку наводниот раст, нема никаков раст
-
Во Судан нападнат конвој на ОН со храна