-->
-->
Анкета: Мнозинството Хрвати се за враќање на кирилицата во училиштата
-->
Педесет и седум отсто од Хрватите се согласуваат да се врати кирилицата во училиштата, покажуваат резултатите од спроведената анкета на интернет страницата на регионалната теливизија Х1ТВ.
Против се изјасниле 39 проценти од анкетираните, а четири отсто одговориле дека им е сеедно.
Ректорот на Универзитетот во Загреб, Дамир Бораш смета дека „оваа проблематична азбука - кирилицата“ треба да се врати во програмата на хрватските училишта. Според него, единствен начин да се надминат стравот и конфликтите околу кирилицата и латиницата е „подобро запознавање со нив“.
Oд друга страна, мандатарот за формирање нова хрватска влада Тихомир Орешковиќ тврди дека во земјата се уште не зараснале раните за двојазични натписи во Вуковар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ангелов: Пожарот во Трубарево е изгаснат, но има силно чадење, ноќеска повторно гореше и во „Дрисла“
-
Тошковски: Нема радијациско зрачење од пожарот во Трубарево, а над 400 метри од центарот на жариштето не е измерена загаденост
-
Илјадници Американци му оддаваат почит на убиениот Чарли Кирк
-
Експлозив поставен пред хотел во Драч, полицијата изврши контролирана експлозија
-
Тошковски: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност
-
Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд
-
Приведен управителот, управувачкиот комитет за кризи заседава во МВР
-
Орбан: Европа под водство на Фон дер Лајен оди кон провалија