-->
-->
Анкета: Изедначен резултат меѓу приврзаниците и противниците за напуштање на ЕУ
-->

Приврзаниците и противниците за останување на Велика Британија во Европската унија се изедначени по број, пред референдумот за тоа прашање закажан за 23 јуни, се вели во резултати од анкета.
Според он-лајн анкетата на Опиниум за весникот Обзервер се вели дека по 44 отсто анкетирани се за едната или другата опција.
Анкетата била спроведена меѓу 14 и 17 јуни. Најголем дел од испитаниците биле анкетирани пред до нив да дојде веста за убиството на лабуристичката пратеничка Џо Кокс. Со анкетата биле опфатени 2.006 луѓе.
Според претходната анкета, објавена на 11 јуни за останување во ЕУ биле 44, а за напуштање - 42 отсто Британци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски демантира дека Рамиз Мерко влегува во Владата
-

До среда СДСМ ќе донесе одлука кои општини ќе ги поддржи во вториот круг
-

Јовановски најави проект за обновување на шумскиот појас
-

Трајановски најавува реорганизација и зајакнување на комуналните и на инспекциските служби
-

Лабудовиќ: Пензионерите се чувари на традицијата на Центар - ќе ги поддржиме со почит, грижа и достоинство
-

Мицкоски најавува можност Клиничкиот центар да се гради во општина Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација (ЗНАМ)
