Анкета: Два отсто повеќе Британци за напуштање отколку за останување во Унијата
Бројот на Британци кои на претстојниот референдум за членство на Британија во ЕУ би гласале за излегување од блокот е за два отсто поголем во однос на спротивниот табор, се вели во резултати од анкета.
Во анкетата на ТНС се укажува дека 36 отсто гласачи сакаат Британија да ја напушти Унијата, 34 отсто се за останување, седум отсто не би гласале, а 23 отсто се уште се неодлучни.
На прашањето каков би бил резултатот од референдумот, 38 отсто испитаници рекле дека Британија ќе остане во ЕУ, а 28 отсто дека ќе ја напушти Унијата.
Европските лидери претходната ноќ разговараа за останување на Британија во ЕУ и за мигрантската криза. Разговорите денеска продолжија, а британскиот премиер Дејвид Камерон нагласи дека договор се уште нема, и дека нема да се откаже од британските барања за понатамошно членство во 28-члениот блок.
Ново на Сител
-
Со хеликоптери се гаси пожарот кај Блаце
-
Модерен систем за управување со администрацијата
-
Алиу: За прв пат по 10 години ажурирана позитивната листа
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски
-
ВМРО-ДПМНЕ го кандидираше Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Град Скопје
-
38 воени возила ќе се користат за гаснење на пожарите во државата
-
Мицкоски: Нема да има данок за неженети и немажени