Анкета: Бајден пред Трамп за осум поени

Демократскиот кандидат Џо Бајден води пред сегашниот американски претседател Доналд Трамп за осум процентни поени кај регистрираните гласачи, а поранешниот потпретседател на САД се чини дека има значителна предност и кај неопределените гласачи, покажа анкета спроведена од Ипсос.
Според анкетата спроведена од 15 до 21 јули, 45 проценти од гласачите рекле дека би гласале за Бајден на изборите на 3 ноември, додека 38 проценти го поддржуваат Трамп.
Другите 16 проценти се или неопределени гласачи, или планираат да поддржат трет кандидат, или можеби воопшти нема да гласаат.
Анкетата исто така покажува дека 61 отсто од неопределените гласачи или оние кои се залагаат за некој трет, доколку би морале да избираат меѓу двајцата кандидати, би гласале за Бајден, додека 39 отсто во тој случај би гласале за Трамп.
Меѓу неопределените гласачи, 70 проценти сметаат дека земјата е на погрешен пат, а 62 проценти дека и економијата оди во погрешна насока.
Таа група избирачи е исто така длабоко вознемирена од развојот на ситуацијата со новиот коронавирус, од кој починаа повеќе од 144.000 Американци.
Дури 80 проценти од гласачите рекоа дека се загрижени поради ширењето на вирусот, а 34 отсто рекле дека би гласале за кандидат кој ќе понуди „стабилен план за обновување на земјата“.
Останатите 24 проценти ќе гласаат за кандидат кој може „да ја врати довербата во американската Влада“, а 12 проценти сакаат кандидат кој ќе стави акцент на здравствената заштита.
Само 38 проценти од гласачите веруваат дека претседателот Трамп добро се справува со кризата со коронавирусот.
Анкетата била спроведена меѓу 4.430 возрасни Американци, вклучувајќи 3.744 регистрирани гласачи и 595 регистрирани гласачи кои не поддржуваат ниту еден од двајцата водечки кандидати.
Ново на Сител
-

Француските средношколци по средбата со Макрон повикаа на продолжување на протестите сè додека не се објават конкретни мерки
-

Николоски: Ја развиваме Брвеница со реализација на конкретни проекти
-

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта
-

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама
-

Кошта: ЕУ ќе покрие две третини од дополнителните 70 милијарди евра за Украина
-

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ - претреси на повеќе локации
-

Македонија утре на Јуниорскиот Евросонг: Од вечерва може да се гласа за Ана Стојаноска
-

Скопјанка измамена за сума од 117.000 денари од поранешен вработен во Катастар
