Анкара му предлага на Вашингтон заедничка операција во Сирија

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу предлага формирање нова коалиција, предводена од Турција и САД, за спроведување заедничка операција против групата Исламска држава (ИД) во Сирија.
- Турција и САД треба да започнат заедничка копнена операција, која подоцна ќе и се приклучат Франција, Велика Британија и Германија, предлага шефот на турската дипломатија.
Чаушоглу при тоа ја критикуваше соработката на САД во борбата против ИД во Сирија со курдската Партија на демократска унија (ПУД) и нејзините праваоеби формации, кои Анкара ги смета за огранок на терористичката Курдска работничка партија (ПКК), која дејствува во Турција.
Во одговорот на прашањето дали Турција ќе ја затвори базата во Инджирлик, ако продолжи соработката на САД и ПУД, Чавушоглу нагласи дека таков развој е непожелен.
Чавушоглу ја коментираше и изјавата на рускиот претседател Владимир Путин во Грција, каде изјави дека Русија сака обновување на односите со Турција, но очекува чекор од страна на Анкара.
- И Турција сака подобрување на односите. Ние велиме вака: за да се обноват овие односи, ајде да направиме заедничка работна група, чии членови ќе разговараат и ќе се родат заеднички идеи, посочи Чавушоглу, посочувајќо ги како пример разговорите кои Турција ги води со Израел преку дипломати и на техничко ниво.
Ново на Сител
-

Филипче: Не се плашиме од Груби, кој прекршил закон нека одговара
-

Судење за „Пулс“
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

За првпат од воведувањето на Сејф Сити: Вчера не е фатен ниту еден возач како минува низ црвено светло
-

Судење за „Пулс“
-

Обдукцијата покажа дека и двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт
-

Обвинителите бараат политичарите да не ги коментираат одлуките на Обвинителството
-

Рокас охрабрен од динамиката на реформите за борба против корупцијата
