„Анима мунди“: Убиена лисица за 2.800 денари
Ќе имаше шанса да се спаси ова животно во секоја нормална европска држава, но не и во Македонија!
На ден 12.12.2021 година до нас стигна пријава од загрижени граѓани за продажба на диво животно од видот лисица за 2,800 денари и контакт телефон на “трговецот”.
Животното на сликата како што можете да видите е во ужасна состојба, измачувано, видно повредено и облеано во крв, изврзано со два метални ланци , стрес и страв кој не може, а да не се види во неговите очи. Веднаш постапивме и започнавме со пријавување до надлежните институции:
Ловен инспекторат надлежен за законот за заштита на диви животни, Агенцијата за храна и ветеринарство надлежна за спроведување на Законот за заштита и благосостојба на животните, Министерството за внатрешни работи надлежни за Кривичниот закон.
Во сите пријави доставивме податоци за сторителот, адреса и телефонски број со надеж за брзо постапување со цел животното да се спаси , да го извлечеме живо.
Најбрз но оскуден одговор добивме од Агенцијата за храна и ветеринарство каде што тамошниот инспекторат надлежен за ваков случај не упати до останатите две институции без никаква намера да постапи по пријавата, иако инспекторатот при оваа институција има право и надлежност да изврши инспекциски надзор, утврди дали пријавата е веродостојна и покрене постапка за санкционирање на сторителот со дополнителна надлежност да ги извести сите останати релевантни институции за истите да покренат постапка.
Во доцните часови и обесхрабрениот одговор од Агенцијата за храна и ветеринарство, со цел да ја извадиме лисицата жива, пробавме да стапиме во контакт со прилепската полициска станица – залудно – во Прилеп немате каде да се јавите ако итно ви е потребна полициска помош, затоа што телефонскиот број им е до ден денес недостапен.
Утрото, за наше големо жалење и огромна штета за фауната на нашата држава, добивме информација дека лисицата е веќе мртва. Еден прекрасен и несреќен живот угинал мачејќи се во сопствената крв заради суровоста на еден човек и неспособноста на ова бирократизирано општество и нефукнционални институции.
Ова е само еден свеж пример за трулоста на надлежните институции и процесите кои се однапред предодредени да минат низ бесконечен бирократски лавиринт и завршат без успех, кои се причина на недовербата и обезхрабреноста на граѓаните да превземат било што и пријавуваат. Животни и животи се трагично изгубени заради помош што не стигнала, или стигнала прекасно.
Сакаме да ве известиме дека како и досега ревноносно ке дадеме се од себе за сите надлежни институции што не покренаа ниакква постапка да бидат пријавени. Лисицата, ова несреќно животно е само една од многуте жртви на недопирливите, незаинтересираните или неспособните институции. Во нејзино име, за спас на сите останати живи битија ќе се бориме за нивните права и конечна правда.
Здружение за заштита на животни „АНИМА МУНДИ“
Ново на Сител
-
Елена Петрова нов директор на УЈП, Бобан Николовски на Царинската управа
-
Струјата во Турција од 1 јули ќе се зголеми за 38 отсто
-
Приведен крадец баран со потерница
-
ИНСТАТ: Во Албанија живеат 2.281 Македонец, 7957 се попишани како Бугари
-
Ќе се дигитализираат 20 нови услуги во првите 100 дена од работата на Владата
-
Се испуштаат агресивни кучиња во Битола, општината побара помош од МВР и АХВ
-
Викендов сончево и топло, од вторник услови за невреме
-
Македонска влада за Мицотакис: Не е точно дека го прекршуваме договорот Преспа, Брисел да не оценува по реформите