Ангкор Ват се обидува да внесе ред со нов „кодекс за однесување’’
Камбоџиските власти објавија нов „Кодекс на однесување’’ на туристите што го посетуваат најголемото и едно од најстарите во светот будистички светилишта, храмот Ангкор Ват. Кодексот е донесен поради се почестите нарушувања на редот од страна на туристите, а кулминација беше серијата фотографии на кои посетителки на храмот се сликаат голи.
Во „Кодексот’’, во кој е наведено дека за негово прекршување следуваат високи парични, но и затворски казни, строго се забранува покажување на телото без облека, а во затвор директно ќе одат двојките кои сакаат да имаат секс на светите места. Забрането е и правењто „селфи’’ со монасите, како и давање на милост.
Локалните медиуми пишуваат дека најнепристојни посетители во Ангкор Ват доаѓаат од Кина и САД. Кинеските туристи најчесто се обвинуваат за скрнавење на светостите бидејки уринираат на недозволени места, а Американците, особено помладите девојки, за обиди за снимање со калуѓерите, при што провокативно покажуваат делови од телото.
Ангкор Ват го псетуваат над 250.000 странски туристи месечно. Само од влезници, годинава до сега сопствениците собрале приход од над 46 милиони долари. На приватниот конзорцијум владата им ја одзеде концесијата, па од први јануари идната година со комплексот ќе управува државата.
Ново на Сител
-
УГД Штип домаќин на студентски конгрес по медицина
-
Преглед на вестите од светот
-
Наумовски: Нејасно е како Брисел нема план б за Македонија, како за Украина и покрај отстапките
-
Тема на денот со Зоран Јовановски, економски аналитичар
-
ЕУ нема ,,план Б" за европските интеграции на Македонија - Кошта вели: Што е договорено, е договорено
-
Таравари со оставка од министер, Вреди направи пратеничка група без Алијанса
-
Крешник Бектеши оди во куќен притвор
-
ДЗР: 457 лица загинале за 4 години во сообраќајки, пишани над 86 илјади казни за возење без дозвола