Анѓушев: Референдумот ќе биде спроведен како што е зацртано
Референдумот за името ќе се одржи во законски утврдениот рок, соопшти денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев, одговарајќи на новинарски прашања.
Анѓушев не прецизира ништо конкретно, само рече дека тоа што е зацртано, ќе биде спроведено.
- Не би знаел да ви одговорам на ова прашање бидејќи е надвор од капацитетот на економијата и она што јас го водам. Но, она што сигурно можам да ви го кажам е дека тој ќе биде во законскиот рок, онака како што е зацртано. Неможам да ви одговорам конкретно до каде се и какви се подготовките. Она што можам само да ви го гарантирам што е и дух во рамките на Владата, е дека тоа што е зацртано ќе биде спроведено, потенцира Анѓушев на прес-конференцијата на која го најави аплицирањето за поврат на средства за инвестиции за компаниите.
Ново на Сител
-
Европскиот фронт ќе оди со заеднички листи
-
Се планира довршување на заградите во капмпусот на УКИМ
-
20 години агенција за радијациона сигурност
-
Преглед на вестите од светот
-
Tема на денот со Владимир Божиновски
-
Средба Мицкоски-Таравари за иднината на Алијанса во Владата
-
Средба Мицкоски-Таравари за иднината на Алијанса во Владата
-
Партиите забрзано се подготвуваат за изборите