Анѓушев: Промената на даноците ќе биде во прилог на граѓаните и стопанството
Каква била измена на даночната политика во Република Македонија ќе биде во прилог на граѓаните и на стопанството и нема да се случи без поширока расправа за што целата јавност ќе биде навремено информирана.
Ова го посочи вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев во одговор на новинарско прашање за најавите за нови даноци за локалната самоуправа, по отворањето на саемската манифестација Технома 2017.
Прецизира дека мерките за економски раст до крајот на годината ќе бидат преточени во владина програма што ќе почне да се спроведува од наредната година за што, како што рече, се предвидени средства.
- За мерките беа организирани две јавни расправина на кои учествуваа заинтересирани странски и домашни правни и физички лица, како и стопанските комори. Тие беа информирани за предлог-мерките, а потоа оставивме време да бидат разгледани и анализирани и да дадат конкретни предлози. Задоволни сме што предлози стигнаа од сите чинители кои ги поддржуваат мерките и во целост се согласни за потребата и начинот на кој се поставени. Имаат само одредени технички забелешки во делот на нивното прецизирање да бидат појасни и подецидни и полесно применливи, рече Анѓушев.
Сите забелешки, нагласи, ќе бидат прифатени и вградени во програмата што ќе биде преточена во владина програма до крајот на годинава и како таква ќе биде применета во текот на следната година.
Ново на Сител
-
Владата и банките ќе ги продолжат преговорите за каматата од унгарскиот кредит за фирмите
-
СДСМ: Владата ги зголемува непродуктивните трошоци - Мицкоски: Сите капитални инвестиции ќе се завршат
-
Предвремено родените бебиња се мали херои за вработените на Гинекологија!
-
Раната детекција клучна за карциномот
-
Петровска: Немам амбиција да сум дел од раководството на СДСМ
-
Што ги тера возачите да дивеат на улиците?
-
Наколната населба во Дојран една од најбогатите и најразвиени на Балканот
-
Пожарите пустошија големи површини шума - никој не е казнет