Анѓушев: Примерот на Шведска со обновливи извори на енергија применлив за Македонија
Примерот на Шведска за примена на чистите технологии во индустрија и за обновливи извори на енергија е применлив за Македонија и може значително да придонесе за нејзиниот развој особено за проекти што се однесуваат на т.н. „чиста енергија“.
Тоа го истакна вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев по вчерашната средбата со шведската министерка за европски прашања и трговија, Ан Линде, во рамки на дводневната посета на Кралството Шведска, соопшти денеска Кабинетот на вицепремиерот.
На средбата на која главна тема биле чистите технологии и обновливите извори на енергија е договорена соработка за искористување на шведските искуства и знаења во овие области со цел нивна примена и во Македонија.
Министерката Линде, во име на шведската Влада, изразила подготвеност за соработка со македонската Влада и во сите други области од важност за државава.
Како што е најавено, вицепремиерот Анѓушев денеска ќе има излагање за потенцијалите на обновливи извори на енергија на Бизнис форумот за чисти технологии во Стокхолм, организиран од Македонската амбасада во Шведска и „Македонија 2025“. Вчера Анѓушев имал средба и со претставници на компанијата Ericsson, на којашто беа презентирани последните дигитални технологии за таканаречените „паметни мрежи“ (smart grid) за електрична енергија, особено за нивната примена во земјоделието.
Ново на Сител
-
Во Србија очекуваат од властите објавување на целата документација за реконструкција на железничката станица во Нови Сад
-
Контроли на цените на производите од акцијата „Новогодишна кошничка“
-
Јун Сук-јеол: Парламентот стана чудовиште, ќе се борам до крај
-
Груби објави дека се повлекува од јавниот живот
-
Мурињо: Секогаш ќе бидам голем фан на Реал Мадрид, тие го имаат најдобриот тренер на светот
-
Без струја делови од општина Ѓорче Петров
-
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла по котлините
-
Паднаа Фејсбук, Инстаграм, Месингер