Анѓушев: Младите треба да ги препознаат придобивките од членството во ЕУ и НАТО
Во Македонија не недостасуваат млади и образувани луѓе, недостасуваат млади и едуцирани луѓе со претприемачки дух, истакна заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, вечерва дебатата на тема „Перспективите на младите лица од полноправното членство на земјата во Европската Унија и НАТО“.
На дебатата што беше организирана од страна на Институтот за бизнис и менаџмент Heidelberg - Скопје“, Анѓушев наведе дека младите треба да го препознаат моментот кон приклучување кон ЕУ и НАТО каде ќе им бидат достапни одредени фондови за да можат да купат технологија, напоменувајќи дека технологиите нема сами да работат доколку тие немаат претприемачки дух.
- Тоа значи да се биде спремен и способен да се преземе дел од ризикот, но разумен ризик. Разумен ризик што ќе биде заснован на научна основа и да се има организациски способности. Токму тука очекувам Институтот да даде значителен придонес, знаењето да го пренесе во Република Македонија, нагласи Анѓушев.
Тој потенцираше дека членството во ЕУ не значи само безбедност, туку многу повеќе, како што рече, економија и квалитетен живот за граѓаните во Република Македонија, а уште повеќе достигнување на стандардите на живот како во земјите - членки на Унијата.
- Инвеститорите кои досега доаѓаа веруваа во оваа држава. Јас се надевам дека тие не се изневерени од неа, меѓутоа сите идни инвеститори што ќе дојдат ќе имаат дополнителна гаранција и со самото тоа инвестициите ќе пораснат, посочи Анѓушев.
Вицепремиерот наведе дека со својата политика Владата ги затопли односите со сите соседи и покажа јасен сигнал дека сака да ги направи сите потребни и нужни чекори да стане членка во ЕУ и во НАТО. Во првото полугодие од оваа година, како што рече, имаме странски инвестиции три пати повеќе од претходната година во истиот период или повеќе од која било година од претходните четири-пет во истиот период.
- Овие бројки јасно кажуваат кое е значењето на овие интеграции за нашата држава, потенцираше Анѓушев.
Тој заклучи дека постои потреба од домашни претприемачи со цел успешна економија.
Претседателот на деканската управа на Институтитот, Улрих Цеител наведе дека Македонија со право е пред „портите“ на ЕУ.
Тој се осврна на моменталната состојба во Унијата, поради Брегзит, констатирајќи дека „состојбата во моментов е тешка“ и оти постои голема напнатост.
- Нашата канцеларка Ангела Меркел нагласи дека ја поддржува Македонија во европската заедница, потенцираше Цеител.
Тој истакна дека оној што знае што е добро „утре во Парламентот ќе донесе одлука“.
- Доколку говорам за овој Институт од економски аспект тогаш ќе дадеме придонес, мислам дека за македонските претпријатиа е важно да имаат образовани лица кои ќе се дообразуваат кај нас, посочи тој.
Истакна дека доколку во земјата има добро образовани лица, тогаш и економијата ќе расне, индустријата ќе добива, ќе се отвораат нови работни места и со тоа ќе има економски просперитет и развој. На тој начин Македонија ќе стане и поконкурентна
Ново на Сител
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
-

Путин: Наскоро сите ќе возиме кинески автомобили
-

Во Франција денеска ќе бидат затворени повеќе од 400 средни училишта поради протести на учениците
-

86 кг храна годишно по жител завршуваат во отпад од македонските домаќинства - глобално пропаѓаат над милијарда оброци дневно
