Анѓушев: Цената на струјата ќе беше повисока, доколку се наплаќаше според пазарните услови
Поранешниот вицепремиер за економски прашања д-р Кочо Анѓушев во Тема на денот во Дневникот на Сител вели дека покачувањето на сметките нa нешто под 10 проценти на електричната енергија е некое минимално покачување коешто се случи со помош на големи субвенции од страна на државата за да ги заштити домаќинствата.
Анѓушев смета дека покачувањето на струјата било неизбежно и дека ова покачување е на ивица на издржливост на Буџетот.
-Владата го направи она што сите влади мораа да го направат, таа се обиде да го заштити граѓанството, практично ние ја делиме судбината на цела Европа значи енергетската криза, јас повеќе сакам да ја нарекувам финансиска затоа што енергетска е кога немате струја, сега таа струја е скапа, а кризата е во цената. Доколку се оставеше цената да се плаќа според пазарните услови во тој случај цената ќе беше повисока, вели Анѓушев.
Ново на Сител
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна
-
Експерти: По обвинението првата антикорупционерка треба да се тргне од функцијата
-
Објавен тендер за трет мобилен оператор
-
Шукова уште пред 3 месеци се самокандидирала во СДСМ за Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје