Анѓушев-Биркл: Има взаемен интерес за унапредување на соработката меѓу Македонија и УСАИД
Постои взаемен интерес и волја да продолжи да се унапредува соработката меѓу Македонија и УСАИД, констатирале вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и новата директорка на Канцеларијата на УСАИД во Македонија, Гречен Биркл.
На заедничката средба, на која присуствувал и американскиот амбасадор Џес Бејли, како што информира прес- службата на македонската Влада, се разговарало за досегашната соработка која се однесува на економскиот развој и за соработката во енергетскиот сектор.
Вицепремиерот Анѓушев изразил благодарност за добиената поддршка при подготовката на новиот Закон за енергетика и за помошта во креирањето на подзаконските акти, како и за севкупната поддршка од американскиот народ во изминатиот период. Анѓушев потенцирал дека донесувањето на Законот за енергетика придонел Енергетската заедница да нотира значителен напредок во спроведувањето на реформите во енергетскиот сектор.
Новата директорка на Канцеларијата на УСАИД паралелно ќе ја извршува и функцијата на заменик на помошникот директор на Бирото за Европа и Евроазија на УСАИД. Претходно, Биркл работела во Меѓународниот Републикански Институт (International Republican Institute) и во Бирото за демократија, човечки права и труд во Стејт Департментот.
Ново на Сител
-
Зеленски: Поканата на Путин значи дека тој не сака средба
-
СВР Тетово го расчисти случајот во кој беа нападнати двајца малолетници
-
Македонските фудбалери поразени од Саудиска Арабија
-
Зеленски: Сите сојузници од Коалицијата на подготвените согласни се дека Русија ги отфрла иницијативите за мир
-
Русија протера естонски дипломат
-
Почина италијанскиот моден дизајнер Џорџо Армани
-
Гаши за утре закажа седница на собраниската Комисија за надзор над работата на АНБ и АР
-
Министерот Тошковски на средба со амбасадорката Агелер: Потврдена силна поддршка од САД за реформите во МВР