-->
-->
Ангеловски верува во победа, Пандев не ја прифаќа фаворитската улога
-->

Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер во Вадрц, против Лихтенштајн ќе го игра петтиот натпревар во квалификациите за Светското првенство 2018 година.
По четирите порази во кои црвено-жолтите пропуштија да освојат барем еден бод, утрешниот меч против Лихтенштајн е одлична можност за тоа.
На прес-конференцијата одржана вечерва по единствениот тренинг, селекторот Игор Ангеловски верува дека неговите избраници се способни да ги освојат трите бодови.
- Сите добро знаеме за нас што претставува натпреварот и мислам дека одработивме добри подготовки и сметам дека сме максимално подготвени за мечот за да дојдеме до победа. Во фудбалот нема лесни противници. Ако сакаме да победиме треба ние да бидеме на максимално ниво, на нивото што бевме на минатите мечеви, но за разлика од тие натпревари овој пат да дојдеме до добар резултат. Ако фудбалерите го испрочитуваат она што се договараме, шансите за победа ќе бидат поголеми. Противникот го респектираме, иако и тие немаат освоено ниту еден бод, но штом почне мечот веќе нема респект, одиме да ги освоиме бодовите, изјави Ангеловски.
За разлика од селекторот, капитенот Горан Пандев ја отфрла улогата на фаворит на нашата селекција.
- Одигравме четири добри натпревари, но не освоивме ниту еден бод како и Лихтенштајн. Ова е голема шанса да направиме пресврт во овие квалификации. Не заслуживме да се бориме за последно место, и ако победиме можеме да водиме битка за четвртото место. Нема фаворити, но мислам дека сме поквалитетни и само ако го дадеме максимумот, да играме според договореното, и ако одиграме како што знаеме, мислам дека ќе немаме проблем. Имам искуство на вакви натпревари, секогаш кога сме биле фаворити сме потфрлиле, и затоа на овој меч нема фаворит. Нашиот пласман и нивниот пласман на ФИФА листата го знаеме, и мислам дека ќе има многу борба, изјави Пандев.
Натпреварот Лихтенштајн – Македонија ќе се игра утревечер со почеток од 20 часот и 45 минути
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Неготинец пријавил измама од 280.000 денари
-

Цврсто сме определени да бидеме лидер во регионот со развојот на дата-центри, тоа е иднината на човештвото, вели Мицкоски
-

МНР: Две малолетни и едно полнолетно лице загинаа во сообраќајна несреќа во Словенија
-

MHERO официјално пристигна во Македонија: Oдржана премиерата на моќниот MHERO II 817
-

Во поплавите во Непал 475 жртви, 2.381 лице се водат како исчезнати од кои 644 се странци
-

УЕФА ќе го тужи Инфантино
-

Попладне наместа услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Честитка од Сиљановска-Давкова по повод Успение на Пресвета Богородица: Во време на премрежија ликот на Мајката Божја нѐ инспирира и храбри да истраеме на патот на доброто
