-->
-->
Aнгеловски повика четворица играчи од младиот тим за дуелот со Либан
-->
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски повика четворица играчи од младата репрезентација, за настап на пријателскиот натпревар со Либан.
Откако го следеше квалификацискиот натпревар Македонија-Франција 2-2, Ангеловски се реши да ги повика да му се приклучат на А тимот и Енис Барди, Ѓоко Зајков, Игор Алексовски и Виктор Ангелов, а поради повреда отпаѓаат Марјан Радески и Дарко Велковски.
„Најпрвин би закал да им честитам на репрезентативците до 21 година за одличниот настап и резултат против Франција. Рековме дека наша цел ќе биде да повикаме играчи од У 21 кои ќе конкукрират да играат за А репрезентацијата против Либан. Во конкуренција за настап сигурно ќе беа и Дарко Велковски и Марјан Радески, но поради повреда не се во можност да помогнат, исто како и Давид Бабунски кој исто така поради повреда не беше во конкуренција за настап ниту за младата репрезентација. Јас се надевам дека против Либан ќе го имаме истиот пристап како против Црна Гора, најважно е да играме тимски, со многу енергија и одговорност, со надеж дека на крајот ќе извлечеме уште еден позитивен резултат”, изјави селекторот Ангеловски.
Македонската репрезентација после убедливата победа од 4:1 над Црна Гора на пријателскиот натпревар одигран во четврток, во вторник има уште еден контролен натпревар кога на Националната Арена ‘Филип Втори’ со почеток од 13:00 часот игра со Либан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
САД: Можни се терористички напади врз претставници на ЛГБТ заедницата ширум светот
-
Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев
-
Сончево и топло, попладне локално дожд и грмежи
-
Состојба на патишта
-
Дачиќ: Човечки фактор е причина за сударот на возовите, најважно е дека нема загинати
-
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома, живи или мртви
-
Девет повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост
-
Претседателот на Управен демантира дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт