Фудбал
2. October 2017 - 13:23

Ангеловски: Покажавме дека можеме да играме и со силни противници

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска го имаше собирот пред дуелот што во петок го игра против Италија во Торино. На средбата со новинарите селекторот Игор Ангеловски истакна:
-  Го знаеме квалитетит на Италија тоа е четирикратен светски шампион. Ќе се обидеме да покажеме максимум. Моите играчи покажаа дека знаат да  играат и со силни противници. Имаме доволно време да се подготвиме, да анализираме, фудбалерите на претходните два дуела беа на претходното ниво очекувам така да биде и на овие два натпревара со Италија и потоа со Лихтенштајн на домашен терен во Струмица.
 
Поради повреда на првиот дуел Ангеловски нема да може да смета на Бобан Николов, додека на негово место е повикан Адис Јаховиќ. На стартот репрезентацијата нема да биде комплетна бидејќи поради клупски обврски ќе доцнат Ристовски, Алиоски и Димитриевски. 
Македонија попладнево ќе тренира во 18 часот, а утре во 10:30 часот. Во среда се патува за Италија - Торино каде и ќе се игра натпреварот во петок на 6.октомври. Во среда и во четврток македонската селекција ќе тренира во Италија.