-->
-->
Ангеловски: Мој прв пик е репрезентацијата
-->

На прес конференцијата на селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија , Игор Ангеловски присуствуваше и тех. менаџер на националниот тим Саша Ќириќ кој најави дека тенденција на федерацијата е да го задржи популарниот Мрме на селекторската функција на подолг период и да се создаде компетитивен тим за квалификацискиот циклус за ЕП 2020г.
– Продолжувањето на соработката со Игор Ангеловски нема да зависи од овие два натпревари против Црна Гора и Либан. Имаме тенденција Игор Ангеловски да остане подолго време на клупата на А репрезентацијата на Македонија. Сакаме да направиме стратегија за подолг рок. Се надеваме дека тоа ќе се реши по овие два натпревари, – изјави Ќириќ.
Самиот Ангеловски потенцираше дека доколку добие професионален договор за селекторската улога ќе го напушти ФК Работнички и целосно ќе се посвети на репрезентацијата.
„ Договорот со Работнички ми истекува на 15-ти декември. Сега сум фокусиран на контролните дуели со Ц. Гора и Либан и ќе се обидеме да ја прекинеме лошата серија на резултати. Доколку добијам професионален договор во целост ќе се посветам на репрезентативната работа“ изјави Ангеловски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација (ЗНАМ)
-

Мицкоски за Рамадани: Себичен потег кој им штети на другите кандидати на ВРЕДИ
-

Активности на кандидатите за градоначалници
-

Дождот ја стопираше акцијата за собирање смет во главниот град - улиците под вода
-

Од утре 11 нови директни авиолинии од скопскиот и охридскиот аеродром
-

Депонии на секој чекор
-

Наколната населба во Дојран била изградена од повеќе мали платформи поврзани со мостови
-

Неопходно е носење на закон за заштита на Охридското Езеро
