Фудбал
7. August 2015 - 8:52

Ангеловски: Губевме со 1:0, бевме со играч помалку и на крајот се радувавме

Екипата на Работнички го продолжува успешниот пат во квалификациите од Лига Европа и по трите минати кола за македонскиот претставник останува уште бараж дуелите. Синоќа избраниците на тренерот Игор Ангеловски одиграа можеби најдобар натпревар последниве сезони на македонски екипи во еврокуповите.
- Им честитам на моите фудбалери за резултатот и прикажаната игра.Губевме со 1:0, а од 65.минута игравме и со играч помалку и на крајот се радувавме. Не беше лесно бидејќи за ривал имавме силен и скап тим. Ние одигравме со нашите срца, а му подаривме вистински подарок на нашиот народ. Трабзон беше добар, а ние сме победници, изјави за турските медиуми Ангеловски.
Работнички денеска ќе го добие противникот за бараж дуелите.