Ангеловска-Бежоска: Банкарскиот сектор и натаму обезбедува солидна поддршка за компаниите и домаќинствата
Македонските банки, добро капитализирани и ликвидни, се соочија со неколкуте кризи во изминатиот период, а нивната отпорност на кризата се должеше на нивните зајакнати биланси уште во претпандемичниот период, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.
-Народната банка и натаму ја јакне отпорноста на банкарскиот систем и во постпандемичниот кризен период, воведувајќи макропрудентни мерки. И покрај големата претпазливост и монетарното затегнување, банкарскиот сектор и во изминатиот период им обезбедува солидна кредитна поддршка и на компаниите, и на домаќинствата, со раст од околу 10 отсто минатата и 6 отсто годинава, посочи гувернерката во својата дискусија на Банкарскиот самит на Здружението на банките во Србија, којшто се одржа во Белград.
На панел-дискусијата посветена на актуелностите и предизвиците на банкарскиот сектор од перспектива на регулаторите, како што велат од Народната банка, гувернерката Ангеловска-Бежоска посочи дека доколку затегнувањето на монетарната политика е брзо, агресивно и следи по долг период на олабавена монетарна политика и ако макропрудентната и супервизорската регулатива се послаби, тоа може да има значително влијание врз стабилноста на банкарскиот сектор. Оттаму, и покрај тоа што домашниот банкарски сектор влезе силен во кризниот период, Народната банка и натаму е претпазлива и ја јакне отпорноста на системот преку макропрудентни мерки.
Гувернерката го истакна воведувањето на противцикличниот заштитен слој на капиталот, како и мерките за квалитет на кредитобарателите. Зборувајќи за показателите за банкарскиот сектор, Ангеловска-Бежоска истакна дека во изминатите неколку години адекватноста на капиталот се зголеми, а квалитетот на капиталот го има достигнато историски највисокото ниво, додека ликвидноста е традиционално висока, при што кај депозитната база се забележува раст на долгорочните депозити и на депозитите во денари, додека квалитетот на активата е подобар во споредба со предпандемичниот период.
Зборувајќи за среднорочните и долгорочните предизвици за банкарскиот сектор, Анегловска-Бежоска истакна дека покрај геоекономската фрагментација, значаен ризик и натаму се климатските промени. Кога станува збор за македонскиот банкарски сектор, повеќе од половината од вкупната кредитна изложеност на банките кон компаниите е кон секторите коишто се чувствителни на климатските политики. Оттаму, централната банка презема повеќе активности за справување со ризиците од климатските промени, меѓу кои е и носењето на среднорочниот план на активности, како и донесувањето на насоките за банките за вклучување на климатските ризици во нивната рамка за управување со ризиците. Инаку, зелените кредити во изминатите четири години се зголемија за повеќе од двапати во вкупното кредитно портфолио на банките.
На панел-дискусијата на која говореше гувернерката Ангеловска-Бежоска учествуваа и гувернерката на Народната банка на Србија, гувернерот на Народната банка на Хрватска, вицегувернерот на централната банка на БиХ, претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Србија, како и директорот на супервизијата на централната банка на Црна Гора.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Гордан Јорданов од ОМД
-
Научник кој живеел и работел во Нови Сад е Македонецот кој загина на железничката станица
-
Освен „шминка“, потребна е проверка и на стабилноста на објектите
-
Полицијата уапси еден од напаѓачите по синоќешното пукање во Арачиново
-
Убиство во Штип
-
Се интензивираат работите за изградба на автопатот Прилеп-Битола
-
Мицкоски му одговори на Ахмети - Наместо за избори, подгответе се за одговорност
-
СДСМ бара поддршка за законските измени