Ангеловска-Бежоска − Агелер: Народната банка придонесува за стабилноста на економијата и ужива висока доверба
Во услови на глобална неизвесност, монетарната политика придонесува со своите мерки за одржување на стабилноста на макроекономското окружување во земјава. Народната банка има витална улога во одржувањето на макроекономската стабилност, особено преку нејзините напори за справување со последователните кризи изминатите четири години, а довербата на јавноста кон неа, дури и во периодот на кризи и премрежиња, е висока, беше истакнато на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка (НБ), Анита Ангеловска-Бежоска и амбасадорката на САД, Анџела Агелер.
Како што соопшти прес-службата на НБ, заеднички беше заклучокот дека професионалноста, стручноста и посветеноста се секогаш на највисоко ниво кога станува збор за Народната банка
На состанокот беше нагласена и важноста на силните и кредибилни институции, особено во кризни времиња, кога треба да се носат мерки за поддршка на економијата.
- Со помош на политиките што ги презема Централната банка, инфлацијата се сведе на едноцифрена стапка, додека девизните резерви се зголемија за 40 отсто, во однос на преткризниот период. Банкарскиот систем е стабилен, дро капитализиран и обезбедува поддршка за граѓаните и фирмите, забележа Ангеловска-Бежоска.
Една од темите што беа разгледувани беше сегашната монетарна политика, која е соодветно поставена, но, сепак, како што беше укажано, неопходно е внимателно следење на инфлациските движења и натамошна претпазливост во однос на водењето на макроекономските политики.
Гувернерката Ангеловска-Бежоска изрази благодарност за поддршката што земјава ја добива од САД во подобрувањето на капацитетите и во зацврстувањето на улогата на институциите на државата. Гувернерката и амбасадорката ги разгледаа начините за натамошно зајакнување на соработката и партнерството заради обезбедување одржлив и инклузивен раст за нашата држава.
Ново на Сител
-
Муртезани: Предвремени избори при стабилна влада се несериозни изјави за дневна политика
-
Бројот на загинатите во Либан од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хезболах е над три илјади
-
Дала воена информација на Русија: Украинка осудена на 15 години затвор под обвинение за предавство
-
Совет за безбедност: Состојбата во земјата е стабилна, надлежните институции редовно ги следат состојбите во државата
-
71-годишен маж од Делчево нападнал дете
-
Скопјанка нападната во казино во Шутка
-
Баба и млад скопјанец се судриле со автомобилите, па физички се пресметале
-
Горан Весиќ најави оставка од функцијата министер за градежништво на Србија