Ангелов: Спречено проширување на пожарот во „Јасен“
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов денеска информира дека со брза акција и со повеќе возила е спречено проширување на пожарот во повеќенаменското подрачје „Јасен“, каде е зафатена мешана шума.
- Пред малку огнот се закани на објектите на ЈП „Јасен“, но со брза, енергична и одлучна акција, со повеќе возила кои претходно беа поставени во полукружна одбрана, огнот беше сопрен во близина на самите објекти. Прилагодените „пинцгауери“ и „хермелини“ по којзнае кој пат се покажаа одлични. Без нив целата оваа борба против огнената стихија ќе имаше друг тек, рече Ангелов.
Тој изрази благодарност до припадниците на специјалните единици на Армијата и полицијата, „Волци“, „Ренџери“ и ЕБР, до пожарникарите од Територијална противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ) и до вработените во ЈП „Јасен“ и „Национални шуми“.
- Борбата со пожарот во ловиштето „Јасен“ продолжува. Пред малку изби силен густ чад, зад неколку објекти на самото јавно претпријатие. Црн чад, висок пламен, кој е видлив. Поставена е одбрана и на огнот нема да му дозволиме да дојде наваму, но теренот не доволува влегување бидејќи се работи за стрмен терен и густа шума. И покрај тоа што овде имаме тимови од „Волците“, „Ренџерите“ и од МВР, сепак е невозможно да се влезе долу, изјави од терен Ангелов. Додаде дека имаат доволно сили кои ќе го стопираат овој, како што рече, тежок за гаснење пожар.
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека територија на државава денеска до 12 часот регистрирани се вкупно 19 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, а 11 се изгаснати.
МИА
Ново на Сител
-
ЦУК: Регистрирани седум пожари на отворен простор, два сè уште активни
-
Поскапуваат горивата
-
Приведен маж од Скопје, возел со 2,90 промили алкохол во крвта
-
Сител Телевизија вработува водителка на временска прогноза
-
Приведено лице што возело со 184 километри на час на место каде е дозволено 80 километри на час
-
Државна лотарија – во поддршка на културата и оштествениот развој
-
Ѓоковиќ: Кога се приближуваш кон 40. година треба да научиш да ја чуваш силата за најважните моменти
-
За една недела во Центар отстранети 99 непрописно паркирани возила