Ангелов: Совладан е големиот шумски пожар кај селото Будинарци

По неколкудневна борба со огнената стихија над селото Будинарци, попладнево пожарот е совладан. Со тоа целосно е изгаснат големиот шумски пожар кој го зафати реонот на општините Пехчево, Делчево и Берово, информираше директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.
Тој на својот фејсбук профил објави дека во пожарот не настрадал ниту еден локален жител, ниту припадник на противпожарна или друга единица или институција, со исклучок на еден повреден австриски пожарникар кому му посака брзо оздравување.
Посочи дека дел од австриската противпожарна опрема, како и наши и бугарски пожарникари ќе останат да стражарат на терен за да не дојде до повторно разгорување на огнот на одредени места, нешто што, како што посочи, редовно се случува по совладувњето на вакви големи пожари, особено имајќи го предвид засилениот ветар кој од пред малку почна да дува.
-Голема благодарност до посадите на македонските и српските хеликоптерски единици и романски авиони, македонските, австриските, словенечките и бугарските пожарникари, до припадниците на Национални Шуми и Шумската полиција, до припадниците на македонската Армија и Полиција, како и вработените во ДЗС, ЦУК и останатите институции кои на било кој начин помогнаа во совладувањето на овој, веројатно, најголем шумски пожари во Македонија досега, пишува Ангелов на Фејсбук.
Посебна благодарност директорот на ЦУК упати и до локалното население кое, како што рече, храбро и пожртвувано помогна во одбраната на селата од огнената стихија.
Ново на Сител
-

Нетанјаху: Војната не е завршена, Хамас ќе биде разоружан
-

Ѓорѓиевски: Над 300 милиони е вкупниот долг на ЈП, до денес се над 500 отпуштени кои не доаѓале на работа
-

Претседателката Сиљановска-Давкова прими делегација на Меѓупарламентарната група за пријателство од шведскиот парламент
-

Трамп им се закани на контролорите на летање во САД веднаш да се вратат на работа
-

Во Словенија закажан референдум за асистираното умирање
-

Полицаец заедно со уште три лица краделе бакарни кабли од фабрика во Скопје
-

Американската армија уништи два брода осомничени за шверц на дрога во Пацификот
-

Биткоин надмина вредноста од 92.000 евра
