Ангелов: Од вкупно 30 пожари вчера, се уште се активни 9 пожари
Во текот на вчерашниот дена имаше вкупно 30 пожари на отворен простор. Од нив се уште се активни девет пожари, под контрола (пожари кои не можат да се шират но се уште има горење) се ставени шест, а 15 пожари се целосно изгаснати, иако за жал, изјави денеска директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, во претходните денови имавме случаи кога изгаснати пожари повторно се разгоруваа.
Во согласност со проценетите ризици и опасности, според информациите кои ЦУК ги има во овој момент, утрово во гаснењето на пожарите приоритет ќе бидат пожарот во Општина Чашка, селата Габровник, Мокрени, Јаболчиште, Дреново врв Лисец. Ќе бидат ангажирани два хеликоптери (МВР и АРМ), со дополнителни ангажирани локални сили и поддршка од 55 припадници на Армијата.
Потоа во Општина Македонски Брод, село Тажево кон село Брезница ќе биде ангажиран хеликоптер на АРМ (Ми 17), со дополнителни ангажирани локални сили и поддршка од 30 припадници на Армијата.
Во гаснењето на пожарот во Општина Кавадарци, село Фариш, ќе дејствуваат два ер трактори од ДЗС, со дополнителни ангажирани 20 припадници на САЕ Тигар на МВР.
За Општина Градско, Криволак кон Брегалница, пожарот кој доаѓа од Криволак, ќе бидат ангажирани 30 припадници на САЕ Тигар.
Останати активни пожари на отворено се во Општина Чашка, во селата Јаболчиште, Дреново врв Лисец, во Општина Долнени, село Небрегово, во Општина Пробиштип, место викано Балабаница, село Зелен Град, во Општина Македонски Брод, село Брзеница (ново жариште), како и во Општина Чашка, место викано Мукус, префрлен од Прилеп.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Бугарскиот амбасадор повикан на разговор во МНР поради пробиениот протокол на средбата Силјановска - Радев
-
Навреди од ко-претседавачот
-
Комитетот утре влегува во М-НАВ, од нив зависи дали и Обвинителството ќе отвори истрага
-
Какви незаконски работења откриле контролите на Фондот за здравствено осигурување во ЈЗУ
-
Вреди: Без амин од ДУИ ниту една фирма не може да добие ниту еден денар
-
Ѓорѓиевски: Градоначалниците се недопирливи
-
Обид за убиство во Кочани - напаѓачот е фатен и приведен