Ангелов: Нема опасност за жителите од пожарот над Чучер, да не се шири паника
Нема реална опасност од ширење на пожарот над селото Чучер и нема потреба од паника, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.
Како што изјави попладнево Ангелов од Чучер, на огнот ќе му требаат неколку часа за да дојде до црквата што наводно била загрозена, според пишувањата по социјалните медиуми.
Во овој момент, нагласува Ангелов, селото е безбедно благодарение на локалните жители, на две екипи од Скопската бригада за противпожарна заштита и на една екипа на „Национални шуми“.
-Се наоѓаме веднаш над селото Чучер кое е делумно загрозено од пожарот што избувна вчера во попладневните часови, но во овој момент од она што можам овде да го видам, нема реална опасност по околните куќи, иако има неколку куќи кои можат да се видат зад мене и се буквално во шума. Благодарение на храбрите локални жители, на две екипи од Скопската бригада за противпожарна заштита и една екипа на „Национални шуми“, во овој момет нема опасност за селото и нема потреба од ширење паника. Паниката не ни помага, црквата што беше загрозена според пишувањата по социјалните медиуми, по моја слободна проценка огнот и да помине му треба неколку часа да дојде до таму, но на лице место има пожарникари и пред се, локално и пожртвувано население, истакнува Ангелов во видео изјавата што ја сподели ДЗС.
Според последните информации на ЦУК, пожарот е лоциран меѓу селата Блаце и Чучер во општина Чучер Сандево, се уште е активен, а горат мешана шума и ниска вегетација.
Очевидци за МИА велат дека мештаните од сите околни села се на терен и помагаат во гаснење на пожарот.
МВР претходно соопшти дека поради пожарот целосно е прекинат сообраќајот кон граничниот премин „Блаце“кој е воедно и затворен.
Ново на Сител
-
Поевтинуваат бензините и дизелот
-
Во спомен на младите загинати во пожарот во „Пулс“ започнува програмата „Лето во друштво“ во Кочани
-
Кривична против 34-годишен маж од Тетово, истепал едно лице и со нож му нанел убодни рани
-
14-годишно дете физички нападнато од група малолетници на трим патеката во Кисела Вода
-
Татко пријавил дека кавадарчанец вознемирувал и се заканувал на неговата малолетна ќерка
-
Мицкоски за изјавата дека УЧК имале праведна војна: Не може убиства од заседа да се праведна борба
-
На ГП Табановце се чека околу 30 минути, на ГП Богородица 20 минути, а на ГП Дојран 15 минути
-
Грета Тунберг и други активисти повторно ќе отпловат за Газа