Ангелов: Благодарение на дождот имаме контрола врз пожарот на Серта
Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов информира дека во моментов фокусот е ставен на планината Серта, каде што гори со денови. На неготинската страна, кај селото Каљањево нема горење, но се прават проверки.
На другиот дел на Серта, околу воениот полигон Криволак, исто така нема активно горење, но се надгледува од два домашни хеликоптери.
Третиот дел од Серта, на штипската страна над селата Драгоево и Селце, се забележани две огнени точки, врз кои се дејствува со воздухопловите. Дополнително се испратени и црногорскиот и српскиот хеликоптер.
-Врз пожарот на Серта имаме апсолутна контрола, благодарение на дождот е изгасен и во голем дел. Да не дозволиме повторно разгорување, информира Ангелов преку видео-обраќање.
Според првиот човек на ЦУК, тежок пожар има и кај Битола, во подножјето на Пелистер, каде што дејствува еден „канадер“, а во 10 часот ќе му се придружат и двата „ер-трактори“ на ДЗС.
Ново на Сител
-
Србија заостанува зад другите кандидати за членство во ЕУ, тврди данската министерка за надворешни работи
-
Муртезани: Реформите и заедничкиот пазар се наш компас кон стабилност, единство и иднина
-
Повредени две лица во сообраќајка во Куманово
-
100 килограми марихуана запленети во Струмица | ФОТО
-
Пронајдени двајца починати мажи во тетовско
-
Клековски: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги нема, има соодветна замена
-
Струмичанец пронајден починат на паркинг во Центар
-
Маж нападнат од својата партнерка на паркинг во Кисела Вода