Џет-Сет
17. March 2017 - 10:20

Ангелот на Викторија го доеше бебето за време на фотосесија

Кендис Свонпул, ангелот на „Victoria’s Secret“ пред пет месеци стана мајка по прв пат.

28-годишниот модел на свет го донесе синот Анака.

Кендис е посветена мајка дури и кога работи, па за време на фотосесијата за бразилското издание на „Vogue“ направи мала пауза за да го нахрани својот син.

Во црн елегантен фустан, моделот го доеше своето дете.

По папарацо фотографиите многумина ја осудија за доење на јавно место, но тука беа и фановите кои ја одбранија.

Кендис и Анака изгледаат одлично, а ние не гледаме ништо спорно во нејзиното доење на сет.