Ангел Димитров: Се потешко е да информирам за работата на заедничката историска комисија
Копретседателот на бугарскиот дел на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања на Македонија и Бугарија, професорот Ангел Димитров, го коментираше 15-от состанок на Комисијата, кој вчера и денеска се одржа онлајн. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Димитров на новинарите на брифингот во бугарското Министерство за надворешни работи им рече дека станува се потешко да ги информира за работата на заедничката Комисија.
-До вчера напладне работите одеа добро во разговорите на заедничката историска Комисија, но, нешто се смени во последен момент, наведе Ангел Димитров.
Според него, неговите колеги од Македонија не дозволиле идеја за постоење заедничка историја. Тој даде пример дека, како што рече, тие не сакаат заеднички да ги слават заедничките личности и дека не се воделе од нивните биографии“. Како пример ги наведе браќата Миладинови кои имаат годишнина во 2022 година. Според него, имало сличен пример со Гоце Делчев, кој исто така има јубилејна годишнина во 2022 година. Димитров додаде дека ќе биде тешко да се излезе од периодот на 10 и 11 век, за кој разговараат историчарите.
Димитров рече дека „постои политички притисок врз неговите колеги од македонскиот дел од Комисијата, потсетувајќи дека претстои втор круг од локалните избори во земјата“.
Ново на Сител
-
Милевски: Освоивме голем бод против фаворитот Белгија
-
Ѓорѓиевски: „Скопје – град на слоеви, град на култура“ - проекти за Аквадуктот, Скупи, Чаршијата и Калето
-
Санкционирано лицето кое со службено возило на „Партизанска“ помина на две полни линии и користеше флешери
-
Трамп: Добитничката на Нобеловата награда за мир ми се јави и рече дека ја прифаќа во моја чест
-
ОЈО Гостивар почна истрага за грабежот на златара во Гостивар
-
Сиљановска-Давкова по повод 11 Октомври: Мора да бидеме обединети ако сакаме да го сочуваме она што го наследивме
-
Oдбележување на Денот на народното востание
-
Трамп најави нови 100 отсто дополнителни царини за увозот од Кина