Македонија
8. March 2017 - 18:53

Андријана Јаневска: Мора да се освестиме и сфатиме дека единствено добро за сите нас е сплотеноста

 
Со поддршка за граѓанската иницијатива денеска се приклучи и познатата македонска пејачка Андријана Јаневска.
 
Таа се обрати пред присутните граѓани пред Собранието на Република Македонија, каде порача дека е време додека не е касно, да се освестиме и сфатиме дека единствено добро за сите нас е сплотеноста
 
-Велиме лоши времиња дојдоа,  не се лоши времињата, туку  човекот, сите ние се однесуваме како да ќе живееме бесконечно долго, има ли смисла, која е поентата, моменталната ситуација наликува на шаховска партија, во која играат бели и црни, но не смееме да заборавиме на крајот кога играта ќе заврши сите фигури се враќаат во истата кутија, и пионот и кралот. Човекот е роден слободен, но секаде е во синџири, а за да бидеш слободен не е потребно само да ги тргнеш синџирите од своето тело, туку да живееш на начин кој ја почитува и прифаќа слободата на другите. Човечкиот род се одржува само со правење добри дела и со слога, затоа додека се уште има време, да се освестиме и сфатиме дека единствено добро за сите нас е сплотеноста, тоа е она кое ни е неопходно, рече Јаневска.