-->
-->
Андреј Пленковиќ прв и засега единствен кандидат за лидер на ХДЗ
-->
Пратеникот во Европскиот парламент Андреј Пленковиќ денеска ја предаде кандидатурата за претседател на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), а внатрепартиските избори ќе се одржат на 17 јули.
Тој посочи дека неговата кандидатура е поддржана со 35.000 потписи на членови на ХДЗ.
Пленковиќ најави дека в петок ќе ја претстави својата програма.
Тој е единствен кандидат за лидерската позиција на ХДЗ откако министерот за култура Златко Хасанбеговиќ претходно се повлече од трката.
- Би сакал да има повеќе кандидати бидејќи тоа е добро за внатрепартиската демократијата. Но, тоа е одговорност на секој член и тоа е прашање за нив, посочи Пленковиќ.
Членовите на ХДЗ ќе можат да гласаат на внатрепартиските избори од кој било град во Хрватска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неколку шумски пожари активни низ државата
-
Пожарот во општина Василево петти ден активен
-
Со новите измени во Kривичниот законик, семејното насилство ќе се гони по службена должност
-
Во охридската болница се користеле стари апарати
-
Зголемена потрошувачка на вода во Струмица, 195 литри се трошат во секунда
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Анита Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид