Андор Дели: Западен Балкан треба да се увери дека има иднина во ЕУ
Пратеникот на унгарската владејачката партија Фидес во Европскиот Парламент, Андор Дели, пред своите европски колеги порача дека на кревката безбедност на Западен Балкан и се потребни силни сигнали од ЕУ, кои ќе ги уверат земјите од овој регион дека со право имаат место во иднината на Унијата, пренесе Танјуг.
- Сите знаат дека постојат некои итни прашања: Брегзит, миграцијата, изборите во некои држави членки, но ние мораме сериозно да ги сфатиме и очекувањата на нашите партнери од Западен Балкан, инаку можеме да ги загубиме, истакна Дели во вчерашниот говор во текот на првиот ден од пленарната седница, соопшти денеска неговиот кабинет.
Во говорот во Стразбур Дели потсети дека пратениците на ЕП на претходното пленарно заседание од претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер слушнале за пет сценарија за иднината на Европа, но забележа дека на овие планови им недостасува ставот на Комисијата за проширувањето на ЕУ.
- Знаеме дека 27 лидери на 27 држави членки ќе ја одбележат 60-годишнината од потпишувањето на европската основачка спогодба. Но, која порака од Рим ќе биде упатена кон земјите кандидати?, запраша унгарскиот европратеник.
Тој нагласи дека „на кревката стабилност на Западен Балкан и се потребни силни сигнали од ЕУ, кои ќе ги уверат Србија, Македонија, Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина во нивното полноправно место во иднината на ЕУ“.
Дели, исто така, предупреди дека миграцијата и натаму е многу присутна и дека вкупната безбедност на Европа едноставно не може да поднесе дополнителна нестабилност во своето соседство, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Честитка од претседателката Сиљановска Давкова по повод 23 септември, Меѓународниот ден на знаковниот јазик
-
Вооружен Украинец влегол во продавница и пукал, има ранети
-
Пронајдено досега непознато дело на Моцарт
-
Халанд го постигнува својот 100. гол за Манчестер сити
-
Шкупи со убедлив триумф против шампионот Струга ТЛ
-
Бајден: Ќе направиме се што можеме за да се избегне проширување на конфликтот на Блискиот Исток
-
Земјотрес со епицентар во подрачјето на Скопје
-
Оваа недела се очекуваат ефектите од владината одлука за ограничување на профитната маржа