Андоновски: Нема да се уништува животната средина за да се градат дата-центри

Нема да дозволиме ниеден негативен ефект врз животната средина за да се градат дата-центри. Нема да се сечат дрвја, ниту ќе се дозволат какви било други штетни влијанија врз природата - водата, воздухот, за да добиеме некаков бенефит. Мислам дека тоа беа глуви, назадни зборови и желби на одредени поединци да создадат еден вид лажна хистерија - рече денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.
Се размислува, информира Андоновски на денешната прес-конференција, дата-центрите да бидат лоцирани во технолошко-индустриските развојни зони, на места на кои веќе има постојни фабрики - браунфилд-инвестиции.
- Постојат дискусии и дебати на темата за поволностите и недостатоците на изградба на поголеми фабрики за податочни центри. Во ниеден момент нема да ја компромитираме животната средина со каква било инвестиција во државата. Секоја градба мора да помине елаборат за животна средина, особено кога станува збор за странски инвестиции и нема да дозволиме да имаме каков било негативен ефект врз животната средина. Во консултација со сите релевантни експерти од ИТ, машинство, индустрија, нема човек што зборува против изградба на центар за податоци. Прашањето е големината и соодветно како тоа ќе има влијание на животната средина, но нема да направиме ниеден чекор што ќе значи злоупотреба на животната средина или добивајќи бенефит од центарот за податоци, да ги загрозуваме водата, животната средина, воздухот... - дециден е министерот.
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај велешкото село Ногаевци, пожари има и на Скопска Црна Гора, во Матејче и долж реката Лепенец
-

ЦУК: Активни се осум пожари, пет се под контрола, а изгаснати 11
-

На граничниот премин Богородица за излез од земјата се чека 45 минути
-

УХМР предупредува на високи температури, утре портокалова фаза на територијата на цела држава
-

Двајца кумановци пронајдени починати во текот на една вечер
-

Млад Турчин уапсен во Охрид, осомничен за посредување во проституција
-

Вучиќ ќе се кандидира за премиер на Србија
-

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик низ цела Европа
